Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Битола, Зоран Илиоски, истакна дека во својата програма предвидува неколку инфраструктурни и сообраќајни мерки кои ќе значат побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ градот и истовремено намалување на емисијата на штетни издувни гасови од моторните возила.
– Ќе направиме целосна промена на сообраќајниот режим согласно веќе изработената Сообраќајна студија со воведување нови еднонасочни улици. Ќе изградиме три нови кружни текови на крстосницата кај Техничкиот факултет, кај Клиничката болница и кај Ветеринарната станица. Ќе направиме велосипедски патеки на улиците „Васко Карангелевски“, „Партизанска“ и булевар „Први Мај“. Сите овие мерки се стручно анализирани, точно пресметани и конкретно остварливи, истакна Илиоски.
Тој потенцираше дека се што ќе прави, ќе прави отворено, транспарентно и во постојана консултација и партнерство со Битолчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.