Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер во почетокот на наредната година ќе станат родители.
Како што наведува германскиот портал „Bunte”, повикувајќи се на извори блиски на фудбалерот, Ане е бремена веќе четири месеци.
Ана Ивановиќ кариерата ја заврши кон крајот на минатата година и тогаш објавила дека ќе се посвети на семејството.
Познатиот пар моментално живее во Чикаго каде Бастијан игра за локалниот клуб.
Како што пишува германскиот портал, соиграчите на Швајнштајгер од Чикаго, во соблекувалната гласно зборувале дека нивниот соиграч во почетокот на 2018. година ќе стане татко:„Сопругата на Бастијан е трудна!“
Исто така, медиумите пишуваат и дека веста е потврдена во кругот на семејството. Ана пред неколку дена била во Белград каде се сретнала со семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тамара заведува и во деветиот месец од бременоста
-
Цело време лажел: Ќерка на српски фолкер го растурила бракот на Раста и Ана?
-
Немој да се силиш, или ќе те иселиме од станот: Ана Севиќ добила брутални закани од лихвари!
-
Барал од адвокатите да му донесат документи за развод: Дарко и Ана се разведуваат во болница!