| четврток, 6 декември 2018 |

Горно Лисиче доби кошаркарско игралиште (Фото)

Заврши изградбата на ново спортско игралиште во Горно Лисиче во близина на улицата „Тодор Чангов“, поточно кај последната автобуска станица број 17.

– Во новото игралиште се поставени два коша, а на платото има и додатна урбана опрема со клупи и канти за отпадоци. Кошаркарското игралиште, кое е направено на барање на локалното население, е наменето за граѓаните, стои во соопштението од општина Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top