| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевно пладне во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ по повод 20 години од смртта на Видое Подгорец

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопјеорганизира Книжевнo пладне по повод 20 години од смртта на поетот, раскажувачот и романсиерот за деца Видое Подгорец. Чествувањето ќе се одржи на  28 септември (четврток) 2017 година, со почеток во 12.30 часот, во спомен – собата на Миладиновци во Библиотеката. За делото на Подгорец ќе зборува проф. д-р Кристина Николовска, а делови од неговото творештво ќе интерпретираат ученици од О.У. „Коле Неделковски“ од Скопје.

Видое Подгорец (1934-1997) – еден од најпознатите поети, раскажувачи и романсиери во македонската книжевност за деца. Автор е на десетици дела а како негови значајни остварувања се издвојуваат:Збирките поезија Развигорче, Весела азбука, Илјада цветови,книгите раскази Прости ми канаринке,Шумскиот разбојник,Патувањето на Добрло,Приказна за селото.Автор е на многу  романи од кои се издвојува култниот роман Белото Циганче.

Делата на Подгорец се преведени на повеќе јазици а романот „Белото Циганче“ е преведен на петнаесет јазици. Подгорец е составувач на антологиите Антологија на современата македонска поезија за деца и Антологија на современата македонска проза за деца. Добитник е на наградите: „Младо поколение“, „13 Ноември“ и „Климент Охридски“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top