| четврток, 6 декември 2018 |

Филхармонија вечерва ќе свири во Кичево

Македонската филхармонија вечерва ќе настапи во Кичево. Под диригентската палка на Борјан Цанев, филхармонијата ќе настапи во Центарот за култура „Кочо Рацин“ со почеток во 20.30 часот, објави „Кичево“.

Пред публиката ќе бидат изведени дела од Манчев, Зографски, Росини, Хендл и Моцарт. Како солист ќе се претстави талентираната македонска сопранистка Гонца Богоромова.

Македонската филхармонија оваа година својата концертна сезона ќе ја заврши со традиционалниот концерт „Види музика, слушни слика, добиј книга“, под мотото „Диско-фивер“, што ќе се одржи во Градски парк во Скопје, на 20 јуни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top