| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено судењето за „Поткуп“: Се разболе судијката

За денеска закажаното рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено поради болест на судијката.

Во обвинителниот акт тој се товари дека побарал поткуп од 160 илјади евра за градежно земјиште од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев додека беше градоначалник на Струмица.

На претходното рочиште во судот, одбраната на Заев побара да се изземат снимките кои беа објавени на Интернет, а се дел од т.н. посебни истражни мерки. Тогаш премиерот изјави и дека размислувале наместо тоа, да ја објават целосната снимка од разговорот за да се дознае целата содржина и вистината. Меѓутоа, се одлучиле да побараат изземање.

Судијката на предметот, Дијана Груевска-Илиевска, од вчера е на боледување, а судењето е одложено за 20 ноември. Судот го одби барањето на адвокатите на Заев снимките што се појавија во јавноста од неговиот кабинет да бидат издвоени т.е. одбиени. Адвокатите на Заев најавија дека ја разгледуваат можноста да ја обжалат одлуката пред Апелација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top