На првиот денешен митинг во Виница се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој кажа дека во овој период се обидувале да ги разобличат работите што се случуваат во Македонија и нивните заднини, но дека паралелно на тоа увидувајќи дека се живее во една голема помрачина, дека се живее во време на едно непринципиелно владеење, насилнички владеење, на втерување страв, закани, прогони политички хајки против неистомислениците, против опонентите, затварања обвиненија и се што може да се смисли од страна на еден режим кој што во вистински смисла покажува што е тоталитарен режим.
-Во исто тоа време работевме и на еден нов документ, на една нова програма, на една нова визија за иднината на Македонија, затоа што веруваме во народот и веруваме дека овој народ на 15-ти октомври ќе стави точка и почеток на крајот на ова што и се случува на Македонија, на ова помрачување. Од тие причини драги пријатели ние работевме неуморно на изготвување на нова стратегија , на нова визија за наредната декада на Македонија, тоа е документот наречен „Нова ера“. Нова ера и ново утро за Македонија, за нови победи, за нови успеси , изјави Груевски.
Тој напомена дека ова е документ со кој се разработени начини за Македонија повторно да се придвижи напред , во секоја смисла на зборот, а посебно во економијата, животниот стандард, платите, нови работни места, пензиите, субвенциите.
-Па ако можевме во 11 години нови 173 илјади работни места, бидете убедени дека во нови 10 години ќе можеме најмалку 150.000 нови работни места, како што предвидуваме во овој нов документ, нова ера за нови победи и успеси. Тоа не го предвидуваме и планираме случајно, го планираме и објавуваме после долги и опсежни анализи, пресметки и се она што е потребно, со најдобрите можни кадри, за да се направи нешто во Македонија. За невработеноста во Македонија, која од речиси 40 проценти, ја сведовме на 22 проценти, да падне под 10 проценти во наредната декада, да падне на 7, на 8, на 9 проценти. Проценти кои може да се каже дека се нормални во развиените држави, изјави Груевски.
Тој пред виничани напомена дека ако толку голем пат е изоден, процентот на невработеност е толку намален досега, тој им порача на граѓаните да бидат убедени дека во следната декада невработеноста ќе биде под 10 проценти и дека ќе има шанса за секој што сака да работи и да заработува чесно.
-До тоа ќе се дојде со планираните и осмислени растови на економијата, кои што во просек ќе бидат четири проценти или повеќе годишно раст на БДП. Ќе се внимава многу и на сите други дејности, како здравството, ќе се продолжи со силно зајакнување на македонското здравство. Вие забележувате дека во овие четири месеци еден нов апарат во болниците и клиниките, во цела Македонија, не во Виница, не е набавен, ниту пак отворена постапка за набавка. Еден или два случаи имавме каде што некои ни поклонил некое апаратче и тоа беше голем настан, изјави Груевски.
Тој кажа дека повторно се враќаме во тие времиња, кога чекавме два апарата во државата некој да ни ги донира, но порача дека повторно ќе се вратат времињата кога секојдневно се набавуваа нови апарати и опрема за посилно здравство во Македонија, кога лекарите секојдневно се испраќаа во најсовремените медицински центри во светот, да научат нови техники, нови начини на дијагностицирање, да има посилно подготвени лекари во Македонија.
-Ќе внимаваме да го зајакмене образованието, во правец да Македонија влезе во првата половина на листата на Пиза, што значи основните и средните училишта да станат со таков квалитет што ќе биде толку подобрен, да сега од длабоко во втора половина, да влеземе во прва половина на ранг листата. И барем еден универзитет во Македонија, да се приспособи да влезе во првите на 200 на Шангајската рејтинг листа на универзитети, која најреферентна рејтинг листа за рангирање на универзитети, изјави Груевски.
Досега ниту еден наш универзитет не е рангиран на оваа листа, но како што кажа Груевски тоа можно и е планирано во документот за наредната декада на ВМРО-ДПМНЕ.
-Со новата ера, со новата доктрина, зајкнувајќи ја нашата партија како партија од десниот центар, како партија конзервативна, народна, како граѓанска десница, планираме да го зајакнеме и нашиот енергетски систем. Преку повеќе нови изградени капацитети за производство на електрична енергија, со што во наредната декада од нето увозник треба да станеме нето извозник на електрична енергија. Тоа е алтернативата на ова помрачување, тоа и уште многу други нешта, кои ги зборуваме во нашата стратегија за наредната десеттолетка, изјави Груевски.
Тој кажа дека заради сето тоа потребна е поддршката од граѓаните, силна и недвосмислена, за на следните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски