| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Секогаш ќе работиме на подобро утре и ќе се грижиме за нашата заедничка Македонија

На нашата Татковина како никогаш досега ѝ се потребни докажани луѓе. Исправени сме пред голема историска одлука за иднината на нашата земја. Доведени се во прашање нашата економија, национален идентитет, култура, јазик и држава, изјави на митингот во Виница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-На 15 октомври, на локалните избори, гласајте за луѓе чии постигнати резултати сите ние ги гледаме. Гласајте за луѓе за кои знаете дека постојано работеле и во иднина ќе продолжат да работат за наше заедничко подобро утре. Луѓе кои ги исполнуваат изборните ветувања, веруваат во правда, не бегаат од одговорност и учат од своите грешки. За луѓе кои веруваат во народот и неговите способности. Гласајте за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија, за да продолжиме заеднички да ја градиме нашата иднина, нашата заедничка иднина. Да продолжиме да градиме општество во кое сите ќе живееме во слога и мир, без поделби и омраза, со меѓусебна почит на сите граѓани. Да ги зачуваме нашите заеднички вредности и да ги почитуваме правата и потребите на сите граѓани поединечно. Обединети да ги надминеме предизвиците со кои се соочува нашата држава и да ја зачуваме заедничката цел. Цел која отсекогаш е иста –  и се вика Македонија и народот во Македонија- рече Груевски.

Од сите нас зависи во каква во Македонија сакаме да живееме и ќе живееме. Нашата работа секогаш ќе биде посветена на вас и на Македонија.

-Секогаш ќе работиме на подобро утре и секогаш ќе се грижиме за нашата заедничка Македонија. Со нас нема празни зборови и општи апстрактни фрази, туку работа и исполнување на ветувањата. Заради сето ова на овие избори велиме гордо и јасно: Секогаш работа, Секогаш Македонија, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е коалицијата за подобра Македонија. Тоа е она што народот го бара, секогаш работа и секогаш на вистинската страна, на страната на Македонија. Шансата за ова е на 15ти октомври, со пенкалото во рака, масовно и со главата горе. Да одбереме РАБОТА и посилна економија, и секогаш да сме на страната на  МАКЕДОНИЈА и интересите на народот во неа, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top