| четврток, 6 декември 2018 |

Одговор на Каролина Астеруд на критиките: Ич не ме сфативте, мажулиња

Karolina-Ristova-Asterud-740x320

Професорката Каролина Ристова Астеруд, вчера вечер одговори на многубројните критика на нејзиниот текст објавен на „Фејсбук“, со наслов „Министерот Тодоров да гарантира за законот против абортус со својот пенис“.

Таа вели дека воопшто не била сфатена, ниту смета дека незјниот текст е невкусна критика на законот за абортус.

Еве ја нејзината реакција во целост, повторно објавена  на нејзиниот профил на „Фејсбук“:

„Во дел од реакциите што ги прочитав, сосема јасно се виде логиката ’ние мажулињата може да решиме и да правиме инвазија и контрола на женските репродуктивни органи со помош на државната присила, ама вие жените и да не сте помислиле истото за нашите‘… Е толку им е ’цврста‘ машкоста, мажественоста , машката одговорност и несебичност! Сиот примитивизам во полн сјај. Некои, пак, ај без смисла за (црн) хумор, туку се и со толкав мал капацитет во паметот , ич не ја ни сфатија поентата, колку е симболично фер, се затскрија одма зад сите ултрапатријахални клишеа, кои бликаа со омраза спрема жените (симболизирано преку мене и моите ’богохулења‘). Но, најтрагичното , според мене, е хиерархијата на (отсуство на) вредности што без срам и перде ја манифестираат. Не се потресуваат за сите укажувања дека овој закон (хронолошки гледано, мојот текст се однесува на првата верзија што ја понуди министерот, без шминкерските дотерувања во Собрание) ќе донесе физичко насилство врз жените, кое и вака го имаме на едно од најсрамните нивоа во Европа, за опасностите од уништени матки и искасапени женски полови органи од абортуси на црно, око не им трепна за опасноста за зголемен број самоубиства , а пред сè меѓу младите девојки, за донесувањето ваков закон по скратена постапка и негирањето на жените како личности со своја волја и граѓански капацитет да не правиме муабет. За нив сето ова не е проблем, ниту навредливо, ниту шокантно, ниту агресивно. Ама затоа проблем било споменувањето пениси?! А, што да се споменува во контекст на закон против абортус – ушите? Мало потсетување или поука од сексуалното образование: ако теститисте кај мажите (создаваат сперматозоиди) се функционален корелатив на јајчниците кај жената (создаваат јајце-клетка, а многу мажи забораваат дека и таа е потребна за ембрион, не само нивната сперма), пенисот на мажот е функционален корелатив на матката на жената, се разбира, во контекст на човековата репродукција. До срцевина се стресоа што само им посочив да се идентификуваат преку приближно реципрочна мерка за тоа што намерачиле да им прават на жените, нивните полови органи и нивната репродуктивна моќ/слобода/избор? Демек, нивниот пенис е нешто свето, нешто повредно, нешто што мора да биде надвор од контролата на државата, министерот, неговите акти, комисии, жените, АМА ЗАТОА женските полови органи, женската матка е нешто помалку вредно, нешто што мора да биде контролирано, потчинето, силувано, понижено? Така, нели, во духот на онаа наша голема ’мудрост‘ – ’прво па машко‘… За таа имам јас една друга народна – ’рани/раѓај куче да те лае‘… Мажулиња едни, помирете се, жените решаваат дали ќе даруваат живот, тоа е нивно природнот право, и тоа основно! Мажулиња низаедни, вашиот природен суверенитет е до моментот на инсеминацијата, таму фокусирајте ја својата (само)контрола, одлука, слобода, избор… не туку ги силувајте жените користејќи ја моќта и присилата на државата! Сè на сè – цццц, кое лицемерие и отсуство на елементарен осет за суштина и суштинска вулгарност и агресија , кое женомразење, бљак!

Но, среќа, повеќето граѓани и граѓанки не се такви лицемери, фундаменталисти и женомразачи (тоа вахабистите може на курс да доаѓаат кај нашиве), не се без чувство за фер-плеј и за правичност, па убаво си го разбраа мојот статус, а овој закон на талибанскава власт , тврдам, ќе им биде еден од клинците на политичкиот ковчег“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top