Битола се гради и развива, напредокот значи повеќе урбани блокови и зголемен животен стандард и повеќе возила, затоа сите заедно мора да планираме и да направиме повеќе зелени паркови, ова на прес-конференција денеска го истакна кандидатот за градоначалник на Битола Зоран Илиоски.
-За почеток заедно со вас ќе засадиме 10 илјади садници дрвја и блоковско зеленило секаде каде што е можно и ќе утврдиме урбани паркови, тие не се само прочистувач на воздухот, туку и место за одмор, игра и дружење. Парковите ги обединуваат и младите и старите, парковите се алтернатива за седењето пред фотелји и гледањето телевизија, место за размислување и оттргнување од секојдневните грижи, парковите значат поздрави и посреќни луѓе, а за Битола со многу зеленило и многу паркови, потенцираше Илиоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.