| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно се појави во јавност-ова е мистериозната девојка на српската премиерка Брнабиќ

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, осум години е во врска со Милица Ѓуриќ, докторка од Клиничкиот центар на Србија од одделот за радиологија и магнетна резонанца.

Тие двете планираат заеднички живот и тоа во државната вила на Дедиње од околу 1.000 квадрати, каде претседателката на Владата овие денови ќе се пресели.Заради селидбата и партнерката на премиерката, зела слободни денови.

-Ана и Милица се во сериозна врска. Двете се посветени на кариерата, но и една на друга, што веројатно е услов за стабилна врска каква тие двете изградија за време од 8 години. Баш се среќни и заљубени. Милица е убава, образувана и атрактивна жена.Тие двете веќе живееја заедно, а сега планираат да се преселат во вила на Дедиње во која премиерката има право да живее со семејството-раскажал извор близок до овој пар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top