Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, денеска на пазарчето во општината оствари непосредни средби со своите сограѓани. Тој пазареше заедно со останатите жители на Кисела Вода, кои освен што пазареа, времето го искористија за да поразговараат за нивните барања и проблеми.
– Средбата со моите сограѓани на Кисела Вода ме наполни со позитивна енергија да продолжам напред за Нова ера, за наша Кисела Вода, напиша тој на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.