| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Стефановски е годинешен добитник на наградата „11 Октомври“ од областа на уметноста

Музичарот Влатко Стефановски и историчарот Амет Шериф се овогодинешни добитници на државната награда,,11 Октомври“ во 2017 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија

Државната награда „11 Октомври“ оваа година им се доделува на музичарот Влатко Стефановски и историчарот Амет Шериф за животно дело во областа на науката,  уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Стефановски наградата ја добива достигнувања во областа на културата и уметноста, додека професорот Шериф од областа на науката и образованието.

Како што соопштија од Министерството за култура,  Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” оваа одлука ја донел на седницата одржана на 14.9.2017 година и стапува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во ,,Службен весник на РМ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top