Препишување, поткажување, помош од наставниците. Просветните инспектори откриле околу сто ученици што на полесен начин сакале да го поминат екстерното тестирање. Од понеделник ќе одат на преполагање. Во вториот испитен рок тестот ќе го решаваат и 15 ијлади основци и средношкоци што не присуствуваа на првиот поради оправдани причини.
Од Министерството за образование се задоволни од спроведувањето на процесот. Ристовски вели дека целта е постигната. Но, системот може да претрпи промени. Ќе се разгледува и идејата на СОНК екстерното да се спроведува 4 пати годишно, односно на секое тромесечие. Со што учениците ќе учат етапно за испитот, а не цел учебник на крајот од годината.
Резултатите од екстерното ќе се објават в петок, но само за осмоодделенците, кои на 24 јуни треба да се запишат во средните училишта. За останатите, резултатите ќе се објавуваат од 18 до 21 јуни. Списокот на наставници што треба да се казнат, односно кои ставиле 2 оценки помалку или повеќе или оние што биле реални, не подарувале оценки и треба да се наградат со поголема плата ќе биде познат за најмалку два месеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.