Заменик-директорот на ЦИА Мајкл Морел си поднесе оставка, јавија американските медиуми. „Вашингтон пост“ уште вчера најави дека Морел планира да се повлече и дека ќе биде заменет со адвокатката од Белата куќа Аврил Д. Хејнс, заменик-советничка за прашања од националната безбедност во администрацијата на Обама.
Таа никога не работела за ЦИА, а ќе биде првата жена на таа задача, наведуваат медиумите.
Морел беше втор човек на ЦИА од 2010 година, а сега ќе се приклучи на претседателскиот разузнавачки борд советници.
Официјално, Морел вели дека се повлекува „за да посвети повеќе внимание на семејството“.
Тој за ЦИА работел 33 години, а на двапати бил и на чело на агенцијата- кога се повлече Леон Панета во 2011 година и пред половина година кога се повлече Дејвид Петреус поради секс-скандалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.