| четврток, 6 декември 2018 |

Штрајк на грчките медиуми

Грчките медиуми започнаа 24 часовен штрајк поради неуспешните преговори меѓу Владата и медиумските компании за спас на здравствениот осигурителен фонд ЕДОЕАП.

– Ја повикуваме Владата да преземе одговорност и веднаш да изнајде решение на проблемот бидејќи илјадници наши колеги имаат право на лекови, здравстена заштита и здравствено осигурување, изјави претставник на Синдикатот на новинари на Атина, кој организатор на протестите.

Фондот, преку кој голем број новинари добиваат здравствена заштита, се соочува со неликвидност и новинарите стравуваат дека ќе им биде ускратена здравствената заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top