Под покровителство на Град Скопје вечерва (вторник, 26ти септември), во 20.00 часот на плоштад „Мајка Тереза“ ќе се одржи голем концерт на Сара Мејс. Истиот е бесплатен и од отворен карактер и гарантира одлична атмосфера под отворено небо за сите.
-Нашите артистички изразувања се изјава на карактерот и енергијата која ја криеме во себе. Ова важи за сите, за секој кој со љубов го испреплетува секое негово делување и чекор. Со желба искрено да го истакнам тоа што мене ме опишува и ме карактеризира заедно со тимот кој работеше на проектот Floating through space се подготвуваме за нешто незаборавно. Сакаме да направиме нешто ново, свежо и специфично и да приредиме забавен концерт од кој никој нема да остане рамнодушен, рече Сара Мејс.
Македонската пејачка на 1-ви септември го направи првиот чекор со песната „Небо“ и понуди нешто што полека ќе го дефинира нејзиниот пат за покорување на вселената.
Вселенскиот брод на Сара Мејс слетува во вторник и предводени од нејзиниот вокал и харфа ќе ѝ се придружат Иван Петровски и Неврус Бајрам на гитари, Дејан Митровиќ на бас гитара, Филип Димишковски на клавијатури, Теа Богатинова и Калина Велковска како вокали, Александар Ванчовски на тапани и Виктор Филиповски на перкусии. Продуцент е Горан Гешовски и албумот се снима во студио Алшар. Екипажот на Floating through space with Sarah Mace е подготвен да ги освои срцата на љубителите на музиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.