Се сеќавате ли на црвено-сините гуми за бришење? Се уште ги има во продажба. Сите мислевме дека црвениот дел служи за бришење на графитни моливи, а синиот за бришење на пенкала, но секој обид да се употреби синиот дел се завршуваше со искината хартија бидејќи тој дел од гумата за бришење е премногу груб.
Всушност, синиот дел е наменет за бришење на дебели и тешки хартии. Најпогоден е за бришење на мастила, но исклучиво на тешки хартии. На тенки и мазни хартии какви што се оние во тетратките, синиот дел е бескорисен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.