Ќе го зајакнеме локалниот економски развој преку промоција на општината пред домашните и странските инвеститори. Ќе почне да функционира Деловно-Технолошкиот Инкубатор, преку кој ќе обезбедиме помош на невработените млади лица до 29 год кои имаат иновативни проекти, да започнат и развијат свој бизнис, истакнува Јохан Тарчуловски, кандидат за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ за општина Кисела Вода во своето интервју за Курир.
– Инкубаторот ќе обезбедува и услуги и ресурси на физички лица и стар ап претпријатија во период од 3 години. Ќе се организираат разни бесплатни обуки, курсеви и преквалификации за жителите на Општина Кисела Вода. Во делот на образованието и грижата за децата, планирани се повеќе реконстукции на училишта и градинките, унапредување на нивната енергетска ефикасност. Отварање на 2 нови градинки, во Расадник и Драчево. Спортот како еден од најважните сегменти за здрав и правилен раст на децата ќе го подигнеме на највисоко можно ниво и тоа со изградба на Спортскиот Коплекс Славија, финансиска подршка на спортските клубови на територијата на општината, организирање на спортски училишни натпревари, јакнење и подршка на Сојузот на училишен спорт на Општина Кисела Вода, активно вклучување на лицата со посебни потреби во спотрските активности.
– Ќе продолжиме со финасиска подршка за секое новореденче, а ќе се воведе ослободување од финасиски трошоци за градинка и дневен престој на еднородителските семејства. Ќе се организира продолжен престој во училиштата под надзор на педагог, за да се излезе во пресрет на обврските на родителите. Училишни униформи за основците, исто така за да се излезе во пресрет на родителите и се намалат нивните трошоци а воедно и една балансираност и јакнење на чуството за припадност кон една целина на опшеството. Планираме заживување на младинските и пензионерските клубови. Организирање на голем број на културни и спотрски настани за сите возрани категории, вели Тарчуловски во интервју за Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.