Македонскиот голман Борко Ристовски беше најзаслужен за неочекувано тешката победа на Барселона на домашен терен против Кристијанштад со 31-29 во натпреварот од 2.коло во Групата А од Лигата на шампионите. Македонскиот голман забележа 14 одбрани, но одигра и клучна улога во финишот на мечот во кој Барса ја обезбеди победата.
Ристовски беше сигурен на голот во завршницата на мечот кога домаќините беа во негатива со 27-29 и три одбрани во серија, и овозможи на Барса да тргне во контранапад и со серија од 4-0 да ја осигура победата.
По супериорниот старт и водството на Барселона од 5-0, каталонскиот тим дозволи да го потцени противникот и да го врати во игра. Кристијанштад успеа да направи пресврт во вториот дел и во финишот да влезе со два гола предност. Но, искуството на Барселона и сигурната партија на Борко Ристовски сепак беа пресудни во финишот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.