Британски Гардијан објави интервју со Ралф Хутер, еден од основачите на легендарниот електронски бенд Крафтверк. По разговорот за турнејата на Крафтверк, неодамнешната забрана за настапување во Кина и за дискографијата, Хутер ја повтори неговата изјава од минатата година. Бендот навистина работи на нов албум.
-За сега се завршени од првата до осмиот, сега може да се концентрираме на бројот 9, додаде тој.
За тоа дали албумот е на пат, тој потврдува, „о, да“, а за тоа дали постои временска рамка, Хутер феноменално одговара „Секако, нон-стоп музика (Мusic nonstop!)“
За потсетување, Крафтверк, кои работат веќе 43 години, во февруари одржа 8 последователни концерти во Лондон, во „Тејт Модерн“ кога ги изведе комплетните 8 албуми, во истиот формат како и лани во Њујорк, во МоМА.
Концертите, наречени „Каталог 1 2 3 4 5 6 7 8„ во Тејт беа поставени во „турбинската сала“, што според директорот на галеријата било идеално за „Централа“, што е превод на името Крафтверк од Германски.
-Скоро незамисливо е како ќе звучеше модерната музика денеска ако не беа Крафтверк, се вели на почетокот на краткото видео од Тејт Модерн по концертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.