
По поразот од Бетис во средата по кој бодовната разлика со лидерот на табелата Барселона се зголеми на цели 7 бода, уште лоши вести доаѓаат за тимот на Реал Мадрид. По повредата на младиот лев бек, Тео Хернандес, надвор од терените најмалку месец и половина ќе биде и првиот избор за оваа позиција на Зинедин Зидан, Бразилецот Марсело.
Тој скинал мускул на левата нога, што значи дека ќе паузира од 30 до 45 дена, јавија денеска шпанските медиуми. Марсело се повреди во второто полувреме од натпреварот со Бетис, кој Реал го загуби со 0-1.
Иако почна доминантно во суперкуповите на Шпанија и на УЕФА, со победи над Барселона и Манчестер јунајтед, Реал на самиот старт на сезоната заостанува значително во домашното првенство. Во пет меча има само две победи, два пораза и едно реми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)


