Сади Ченгил (34), е вистинското име на Барту, братот на Ѓочке од хит турската серија „Љубовта на мојот живот“.
Во серијата има тотално откачена улога по која е еден од највпечатливите ликови, но во реалноста Барту е друг човек. Деновиве тој на својот Инстаграм објави фотографија од сопругата и бебенцето од болница и убавата вест дека станал татко ја сподели со своите бројни следбеници.
Инаку, Сади активно глуми во турски филмови од 2006 година, а во секој ангажман изгледа драстично во поглед на физичкиот изглед. Би го познале ваков?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.