Името Мухамед стана попопуларно од името Вилијам и сега е на осмото место од 10-те најпопуалрни имиња во Англија и во Велс.
Во последните 10 години популарноста на името се искачи за дури 35 места и сега е на осмата позиција. Вкупно 3.908 деца минатата година го добиле името Мухамед.
Од 2006 година меѓу 10. најпопуларни имиња се и Оливер, Хари, Џек, Чарли и Томас, а меѓу новородените девојчиња Оливија е на прво место.
Листата која ја објави Канцеларијата за национална статистика покажува дека популарната култура има значајно влијание во одбирање на детските имиња. Популарни се имињата од филмовите „Војна на ѕвездите“, Езра и Фин, додека меѓу женските имиња популарно е името Ариа, по ликот од серијата „Игра на престолите“.
Овие податоци се врз база на 696.271 бебиња кои се родени во 2016 година во Англија и во Велс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.