| четврток, 6 декември 2018 |

Авион излета од пистата на истанбулскиот аеродром „Ататурк“

Пилотот загинал, а три лица се повредени откако авион се урнал на аеродромот Ататурк во Истанбул, соопштуваат турските медиуми.

Две писти се затворени на главниот аеродром во Истанбул откако приватен авион се урнал и запалил.

Луксузниот авион требало да лета од Истанбул за Кипар, но набргу по полетување пријавил проблеми и се урнал при обидот за слетување.

Пожарникарите пристигнале и брзо го изгаснале пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top