| четврток, 6 декември 2018 |

Битолски театар ќе гостува на Меѓународниот театарски МИТ фестивал во Цетиње

Актерите на Битолскиот театар попладнево ќе отпатуваат за црногорскиот град Цетиње каде ќе учествуваат на тамошниот меѓународен театарски МИТ-фестивал.

Годинава на МИТ фестивалот кој се одржува во Кралскиот театар „Зетски дом“ во Цетиње, ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе изведе две претстави, информираат од секторот за односи со јавност на таа национална установа.

– На 22 септември ќе ја одиграме претставата „Отело“ од Шекспир во режија на Диего де Бреа, а на 23 септември претставата „Ладало – трагична љубов на една девојка“ чиј автор е Јукио Мишима а режисер Благој Мицевски. Во претставите ќе настапат дваесеттина актери кои заедно со останатиот дел од ансамблот попладнево ќе отпатуваат за Цетиње, истакна Билјана Вржовска, претставник на секторот за односи со јавност и маркетинг во битолскиот театар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top