| четврток, 6 декември 2018 |

Делфин моли за помош

За време на ноќно нуркање на Хаваи, група нуркачи се изненадила кога налетала на осамен делфин кој сам им се доближил и некое време се задржал меѓу нив. Нуркачите забележле дека делфинот не може добро да плива. Тој продолжил да кружи околу нив, а инструкторот Ларос сфатил дека животното бара помош од нив. Движењето на делфинот било оневозможено од една рибарска мрежа, а една кука му се закачила на грбната перака.

Делфинот останал смирен и подготвен да ги прифати сите настојувања на инструкторот да му помогне. На крај делфинот бил спасен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top