Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаускипинг“, во домот постојат осум места и предмети, на кои има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка. Меѓу нив се и четкицата за заби, далечинскиот управувач и крпите во бањата.
– Малкумина се оние кои имаат време еднаш во седмицата да исчистат се што треба, но и кога имаме време, ги занемаруваме нештата кои носат опасност, се вели во студијата.
На четкицата за заби се собираат бактерии од устата на човекот кој ја употребува, но и од ВЦ школката во близина и водухот што струи. За да се спречи ширењето бактерии, експертите препорачуваат редовно пуштање вода и секогаш да го спуштаме капакот на тоалетната школка.
„Магнет“ за бактерии се и тастатурата, екранот, кујнските крпи и сунѓери, милениците, теписите… Тука се вбројува и чантата, која жените честопати ја спуштаат на под, без разлика каде во моментот се наоѓаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.