Земјотресот во Мексико во кој загинаа 248 луѓе се случи на 32 годишнината од потресот во кој загинаа неколку илјади луѓе во 1985 година, јави АП додавајќи дека Мексиканците само еден ден пред вчерашниот потрес извеле вежба во случај на земјотрес, како би ја одбележале годишнината.
Бројот на потврдени смртни случаи во сегашниот земјотрес порасна на 248, но се стравува дека би можел да биде многу поголем, бидејќи спасувачките екипи се уште ги пребаруваат рушевините.
Спасувачките екипи од едно училиште на југот на земјата успеале да извлечат тела на 21 ученик и четворица возрасни и трагаат за уште 30 деца и осум возрасни во рушевините.
Претседателот на Мексико Енрике Пења Нието го повикал населението на прибраност, додавајќи дека приоритет е спасување на заробените кои останале заробени во рушевини и згрижување на повредениете.
Потврдено е дека главниот потрес бил со јачинаод 7,1 степни и дека епицентарот бил кај градот Рабосо, околу 120 километри југоситочно од Мексико Сити.
Таа 1985 година на 19 септември пронајдени се 5.000 тела, а до ден денешен не е утврдено колку луѓе ги изгубиле животите. Бројките се движеле од 5.000 до 30.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.