Во текот на ноќта на местото каде избувна пожарот во Националниот парк Пелистер во месноста Извори, на реката Шемница над с. Маловишта дежураа десет лица од Националниот парк и пожарникари, а во текот на денешниот ден се очекува да пристигнат уште луѓе на Дирекцијата за заштита и спасување. Опасноста е помината, но ветрот се уште го има и одвреме-навреме прочадува на места, па затоа тие места кои тлеат потребно е да се контролираат.
Ова е првпат пожар да избувне во самиот Национален парк Пелистер. Сите пожари досега кои биле на територијата на Националниот парк биле однадвор, односно жариштето им било надвор од границите на паркот, па потоа се проширило внатре од разни причини.
Опожарени се околу 5 хектари, а среќна околност е што гореше само трева и неколку смреки, воопшто не стигна до шумата.
Националниот парк Пелистер побара од органите на прогонот да ја утврди причината за настанување на пожарот и даа се пронајдат сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.