Според податоците на три организации за заштита на човекови права, во текот на изминатите години најмалку 40,3 милиони лица биле жртви на модерно ропство.
Меѓународната организација на трудот (ИЛО), Фодацијата „Движи се слободно“ и Меѓународната организација за миграција наведоа дека станува збор само за конзервативна проценка на бројот на луѓе кои живеат во модерното ропство.
Првпат организациите кои се залагаат против ропството заедно да работат на утврдување на меѓународната проценка на бројот на луѓе, кои се жртви на „модерното ропство“, што за разлика од претходно проценки ги вклучува и лицата кои живеат во наметнати бракови.
Податоците ќе им послужат како основа на активистите и владите за да ја постигнат целата на ОН, до 2030 година да се стави крај на модерното ропство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.