| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајди ја годината на раѓањето и види која фризура тогаш била хит

Како поминуваат декадите, модните трендови значително се менуваат. Кога гледаме стари фотографии, прво што ни паѓа на ум се фризурите. Пронајдете ја годината во која сте родени и откријте која фризруа била хит тогаш.

Родени меѓу 1955 и 1960

Овој елегантен период го одбележаа големи локни кои се совршено фиксирани во волуминозна фризура. Со Мерилин Монро, еден од совршените модели од ова време и преккрасната Софија Лорен, чиј стил го обожуваат жените ширум светот. Софија својата долга и густа коса подоцна ја истржа во кратка боб-фризура со максимален волумен која совршено со вклопува со наглесената шминка каде што доминира црниот туш за очи и руменило со боја на кожа.

Родени меѓу 1960 и 1965

61219998

Иако косата уште е полна со волумен и со кадрици, појавата на краток боб на страна е нешто сосема посебно. Впечатливата фризура со строги линии и натапиран профил меѓу првите ја промовираше манекенката Твиги, а популарната фризура со строги правила ја носеше и италијанската актерка Клаудија Кардинале.

Родени меѓу 1965 и 1970

Време е за лудите 70-ти. Во мода се кркми, кои на косата и даваат нова димензија. Претставничка на овој тренд е преубавата Брижит Бардо, чии густи, сини кадрици со многу волумен се предмет на обожување.

Родени меѓу 1970 и 1975

61220001

Почетокот на 70-те години е многу посебен, како за модата, така и за фризурите. Стануваат популарни слоевити фризури и степенато стрижење. Кркмите добиваат нова димензија, а долгите кадрици заминуваат во историјата. Коса истрижана во степен во горниот дел е модерна, а Џејн Фонда е типичен претставник на оваа мода.

Родени меѓу 1975 и 1980

61220006

Хипи-генерацијата имаше многу интересни фризури чиј нагласок беше на природната, лежерна коса збогатена со опуштени кадрици какви што сакаме и денес. Косата не изгуби на волумен, напротив, а пример за ова е Фара Фосит.

Родени меѓу 1980 и 1985

61220002

Новата декада донесе и нови модели. Во овој период е најважно косата да има волумен и украси за во коса. Минивал, тапирана коса, диви прамени соврешно се вклопени во лентите за во коса. Тоа најдобро го покажаа Мадона, Синди Лопер, Изабела Џани…

Родени меѓу 1985 и 1990

61220005

Трендот на диви фризури се провлекува низ целата декада. Ова е период на најоткачени фризерски трендови.

Родени меѓу 1990 и 1995

61220004

Почетокот на 90-те е модно затишје, а по откачените трендови време е за одмот од минивал и волумен. Многумина сметаат дека ова е најздодевното време. Тренд се лежерни и лесни фризури со максимална должина до рамениците. Типичен пример е фризурата на Шерон Стоун.

Родени меѓу 1995 и 2000

61220003

По здодениот тренд на ред се степенасти фризури збогатени со прамени во неколку нијанси. Кусите кркми се заменети со оние до брадата, волуменот е повторно важен, а најпоуларна фризура носи Рејчел Грин од серијата „Пријатели“ која ја толкува Џенифер Анистон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top