| четврток, 6 декември 2018 |

Нојер успешно опериран: Ќе остане надвор од терените до Нова година

Првиот голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер, нема да може да настапи за својот клуб, ниту за германската репрезентација најмалку до крајот на оваа година откако денеска успешно било оперирано неговото лево стапало.

Голманот на баварскиот клуб по вторпат скрши коска на стапалото на еден од тренинзите со тимот.

– Ова е ужасна вест за нас. Хируршката интервенција е успешна и сега тоа е најважното нешто. Се надевам дека ќе го видам повторно на голот во јануари, изјави извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге за официјалната страница на клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top