Голем број на банкноти фрлени во WC школка, во апоени од 500 евра, ја затнале канализацијата во неколку локали во Женева.
Десетина илјади евра биле фрлени во WC школка во една банка во Женева и во тоалети во неколку угостителски објекти кои се наоѓале во близина на оваа банка, пренесува Гардијан.
Швајцарските функционери веруваат дека оваа огромна количина на пари која ги затнала одводните цевки во банка и неколку угостителски објекти, доаѓа од еден приватен сеф на швајцарската банка, а сефот го користела неименувана жена од Шпанија.
Нејзиниот адвокат се појавил во локалната полициска станица за да понуди пари за направената штета, но не објаснил зошто парите биле фрлени во тоалет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.