| четврток, 6 декември 2018 |

Кузмановска: Владата ќе се задолжи со нови 60 милиони евра

Економијата оди надоле, а долговите растат. Владата ќе се задолжи одново, со нови 60 милиони евра, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Утре е вторник и владата на СДС ќе ја задолжи државата за нови 60 милиони со што бројката од 350 милиони ќе се искачи на 410 милиони евра долг креиран за 110 дена владеење. Од овие пари граѓаните не гледаат никаков бенефит ниту знаат каде тие завршуваат. СДС ја задолжуваат државата над 410 милиони евра, а во меѓувреме се стопираат изградби на автопати, градинки, факултети. Нема изградба на водоводи, училишта, патишта, студентски домови. СДС безмилосно ги троши парите на граѓаните на Република Македонија, а нема реализирано или започнато со реализација ниту еден проект. Очигледно е дека СДС својата неспособност и расипништво ги покрива со безмилосно трошење на народните пари. Каде одат овие пари, кога се знае дека сите развојни проекти се стопирани, дали овие пари ќе се употребат за корумпирање на гласачи во пресрет на локалните избори? СДС ќе одговара за поигрувањето со народните пари и катастрофалното управување со економијата. На 15-ти октомври граѓаните ќе стават крај на ова расипничко владеење- посочи Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top