Славчо Чадиев е кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на општина Велес. Тој вторпат ќе ја побара довербата на велешани за да ја извршува градоначалничката функција.
Актуелниот градоначалник на општина Велес, Славчо Чадиев e роден 1959 во Велес.
Основно и средно училиште завршува во својот роден град Велес. Дипломира на Дефектолошкиот факултет во Белград. Потоа, го продолжува своето школување во Р. Македонија на универзитетот Кирил и Методиј при филозофскиот факултет и се стекнува со називот магистер – Сурдолог.
Пред да го изберат за градоначалник на Велес, Чадиев работел во ЈЗУ Општа болница, ОРЛ одделение.
Потпретседател е на Сојузот на дефектолози на Македонија, долгогодишен соработник на Сојузот на глуви и наглуви , како и на Заводот на глуви лица на Република Македонија. Чадиев поради посветеноста кон својата професија, сакајќи да им помогне продолжува со активностите и во подружницата на Сојузот на глуви и наглуви и Сојузот на слепи лица во Велес.
Чадиев член е во ВМРО-ДПМНЕ уште од 1990 година. Подоцна станува претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Во 2005 и 2009 се наоѓа на советничката листа на локалните избори и станува Претседател на Советот на општина Велес. Во 2013 година на локалните избори , граѓаните го избираат Чадиев за Градоначалник на општина Велес.
Со огромна разлика го победува спротивниот кандидат и станува татко на градот Велес.
Чадиев е оженет и татко на две деца. Тој одлично зборува англиски јазик.
Чадиев покажува голема љубов кон риболовот, а посебен акцент става на карате вештините со која претходно се занимавал.
Од 2013 година до денес Чадиев се покажа како одличен градоначалник а во својот мандат реализираше 370 проекти, иако во својата изборна програма вети 117 проекти.
Дел од проектите кои ги реализираше во својот мандат се, нов режим на сообраќај со кружни текови, изградба на индустриска зона Караслари, реконструкција на локален пат Јазла – с. Иванковци, довршување на проектот за изградба на нов објект наменет за потребите на Театар Џинот, реконструкција на СОУ гимназија Кочо Рацин, изградба на двоен терен за тенис, а започнат е проектот за изградба на покриен пазар, туристички локалитет езеро Младост, реконструиран е и градскиот стадион, изграден нов паркинг простор на потегот Мало мовче – Стар мост, изграден е нов парк пред ООУ Васил Главинов, а изграден е и пешачки мост во близина на општината.
Чадиев во период од 4 година во својот мандат, реализираше и 172 проекта од патна, водоводна и канализациона инфраструктура. Исто така изградени се 38,7 километри улици и патишта.
За подобрување на наставата во основните и средните училишта направена е и реконструкција на училиштата во општина Велес, а изградени се три нови.
Општина Велес или како што е позната уште и по статусот Град на културата е позната по многу бројните културни манифестации кои директно се поддржани од градоначалникот Чадиев. Во Велес во просек секоја година се одржуваат до 100 настани од културата.
Според Чадиев да се биде градоначалник на Велес, градот во кој го поминал целиот животен век досега, градот во кој е роден е вистинска чест и привилегија, но и голема одговорност.
Водејќи се секогаш од интересите и потребите на Велешани, неговата цел од е Велес да го направи град според мерка на велешани. Да се овозможи во Велес да растат и работата граѓани кои што својата иднина и иднината на своите деца ќе ја градат во Велес.
Чадиев истакна дека во првиот мандат се направило многу за градот и граѓаните, но верува дека има уште многу работи кои можат да се променат на подобро.
Црпејќи сила и енергија од големата поддршка од страна на граѓаните, Чадиев ја прифаќа кандидатурата за уште еден мандат, со силно верување дека Велес и понатаму ќе биде град во кој ќе се реализираат уште многу проект се со цел задоволување на потребите и интересите на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.