| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеникот и хирург Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ е кандидат за градоначалник на Куманово

Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ е кандидат за градоначалник на Куманово на престојните локални избори.

– Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да го предложи на Централниот комитет за кандидат за градоначалник на Куманово Зоран Ѓорѓиевски, хирург, актуелен пратеник во Собранието и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ- истакна генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски.

Мицкоски рече дека изборот на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори се темели на професионалните и лични карактеристики на кандидатите, нивната одговорност и посветеност кон работата, поддршката која што ја имаат меѓу граѓаните во општините во коишто живеат, како и угледот и кредибилитетот кој ќе гарантира спроведување на една одлично подготвена и сериозна програма наменета за таа општина.

Ѓорѓиевски е Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 18.11.1958 во Куманово. Тој е специјалист по општа хирургија, Медицински факултет, Универзитет Ниш.

Во Собранието на Македонија каде што е пратеник тој е член на неколку комисии и тоа: Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за здравство, а во Комисија за надворешна политика и Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е заменик-член.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top