На 15 септември, со претставата „Разговори во четири очи“ во режија на Нина Николиќ, успешно завршија гостувањата: „Central European Theatre Festival“ во Кошице, Словачка; „Belaya Vezha“, Р. Белорусија и во театарот „Kosztolányi Dezső“, Србија.
Оваа претстава, која е во копродукција на Македонскиот народен театар и Скопје Филм Студио, наиде на одличен прием и задоволство од страна на публиката. Актерите, режисерката и техничката екипата се враќаат презадоволни од пречекот и висококвалитетната организација од двата меѓународни театарски фестивали во Кошице, Словачка, Белорусија и гостувањето во театарот „Kosztolányi Dezső“, Србија.
Публиката ја проследи претставата со големо внимание, и реагираше со воодушевување. Одличната актерска игра, составена од веќе докажани но и млади актери, уште еднаш ги оправда очекувањата кај публиката и организаторите, и беше испратена со долги стоечки овации во сите три држави.
На 10 септември во 17 часот „Разговори во четири очи“ се одигра на фестивалот во Кошице, значаен културен настан на кој учествуваа театарски куќи од Полска, Чешка, Унгарија, Македонија и други.
Во селективната програма на Меѓународниот театарски фестивал „Belaya Vezha“, Р. Белорусија на 12 септември со почеток во 18 часот на кој се одигра претставата на Македонскиот народен театар, учествуваа и 14 земји: Белорусија, Грузија, Унгарија, Казахстан, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Полска, Русија, Украина, Финска, Чешка и Естонија. Во селективната фестивалска програма настапија 28 театарски куќи, а театрите од целиот свет на белоруската публика ѝ ги прикажаа своите најдобри дела, каде што ги споделија креативните искуства и трендови на модерниот театар.
По Меѓународниот театарски фестивал „Belaya Vezha“ во Белорусија, екипата на „Разговори во четири очи“ во состав: Амернис Нокшиќи-Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Дарја Ризова, Катина Иванова, Благој Веселинов и Дамјан Цветановски отпатува за Србија, каде што на 15 септември ја одигра во театарот„Kosztolányi Dezső“ во Суботица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“