| четврток, 6 декември 2018 |

Утре пресметка точно на пладне: Палевски и Геровски ќе ги одмерат силите пред „Манда“

Главниот медиумски стратег на СДСМ Бранко Героски и поранешниот прв човек на градската организација на СДСМ, Љупчо Палевски, верувале или не, закажаа тепачка за понеделник во 12 часот. Палевски најпрво го предизвика Героски, а тој пак прифати…

На социјалните мрежи Геровски вчера напишал: „ПОКАНЕТ СУМ НА ТЕПАЧКА ПРЕД “МАНДА” ВО ПОНЕДЕЛНИК ВО 12 ЧАСОТ – ДОАЃАМ!!!“

„Сакам да ги известам сите заинтересирани дека по уредно пријавената закана што ја добив од Љупчо Палевски, во пост на неговиот ФБ профил, тој сега, повторно со пост на неговиот профил, ме кани во понеделник во 12 на тепачка во “Манда”.

Еве, јавно обзнанувам дека во назначеното време ќе бидам ПРЕД “Манда”, но не ВО “Манда”. На газдата Маниќ му ветив дека нема да му го бербатам локалот.

Тодор Пендаров во закажаното време да биде присутен, бидејќи јас него го барам. Како ќе се однесува Палевски, тоа е негов проблем. Веројатно и проблем на институциите.

Значи, се гледаме пред “Манда” во понеделник во 12 часот“, напишал Геровски на својот профил на Фејсбук.

Најавената пресметка е закажана откако Геровски во преписка на социјалните мрежи го обвини Пендаров дека изнесол лаги во врска со настани од минатото во кои биле вклучени тој и неговата сопруга, пишува „офф.нет“.

Предходно Пендаров му се обрати на Геровски во врска со неговата преписка со Гоце Михајловски кој си замина од ТВ Нова.

Според најавата на Геровски тој до МВР ги пријавил заканите кои преку фејсбук му ги упатил Љупчо Палевски – Палчо, некогашен сопственик на ТВ Скопје и претседател на градската организација на СДСМ во Скопје во времето на Бранко Црвенковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top