Утре е работен ден за сите основни и средни училишта во Македонија. Основци и средношколците ќе го изучуваат зададениот материјал според предвидениот распоред на часови од понеделник. Овој работен ден не е замена за 1 септември, со оглед на тоа што учебната година почна на 4 семптември.
– Законски и во согласност со наставната година, во оваа учебна година мора да има 180 работни денови. Бидејќи годинава зимскиот распост ќе почне на 30 декември и ќе трае до 21 јануари, а летниот ќе почне на 9 јуни и ќе трае до 31 август, ќе мора да се одработат четири саботи – по две во секое полугодие – велат од Министерсвото за образование и наука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.