„Планот за живот во Македонија“ со кој Заев ветуваше се и сешто пред изборите, по првите 100 дена откако е на власт, повеќе личи на план за богатење на неговиот потесен круг и масовно вработување на „шарените“. Тој гордо најавуваше дека ќе ги врател младите кои се иселиле од државата назад во Македонија, но како и што е случајот со најголемиот дел од неговите ветување и ова е далеку од исполнување. Така барем покажуваат моменталните податоци и бројот на младите кои се иселиле од државата во последните три месеци, откако на власт е СДСМ. Досега новата Влада нема реализирано ниту еден проект за младите, што како што велат самите млади е поразително за една држава.
Според податоците во минативе три месеци, период во кој на власт е СДСМ од Република Македонија се иселиле 20.000 млади лица. Експертите велат дека со моменталните политики на новата власт нивниот број само ќе расте, бидејќи не гледаат начин како младите би се мотивирале да останат во државата.
Пред две години пак премиерот Заев, за чие владеење од само три месеци се отселиле 20.000 млади луѓе, оние кои треба да бидат двигатели на општеството, пред граѓаните ветуваше дека ќе ги враќал и оние веќе се иселени од државата.– Се повеќе луѓе сфаќаат дека е факт дека најголемиот дел од популацијата на Земјата е контролирана од 1 процент од луѓе кои се наоѓаат на врвот, но многумина не знаат ништо за нивната банкарска фирма во која се кријат, изјави Заев во октомври 2015 година.
Младите велат дека се чувствуваат изневерени и разочарани од лагите кои ги слушале од Зоран Заев, Шеќеринска и СДСМ, кои цело време го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ дека работи против младите, а како што самите млади велат, во периодот на ВМРО-ДПМНЕ за младите било направено, многу повеќе од било кога. Тие добија многу поволности, како што се бесплатен автобуски и железнички превоз за студентите и средношколците, бесплатна посета на театри, музеи, како и на многу други културни настани. Еден од најголемите проекти за младите беше и ослободувањето на фирмите од плаќање придонеси за лица до 29 години, со што младите многу полесно доѓаа до работно место.Заменикот на Зоран Заев во партијата и сега министер за одбрана во Владата на СДСМ, Радмила Шеќеринска лажно ветуваше и младинска гаранција за граѓаните, која младите се уште ја чекаат, но новата власт заборави на ова веднаш откако седнаа во фотелјите, а младите се плашат дека ова ќе биде само уште една од многуте лаги искажани од Шеќеринска и Заев.
– Проектот гаранција за млади ќе значи дека државата ќе им гарантира на сите млади граѓани во Македонија, дека веднаш во завршувањето на образованието, во рок од 4 месеци или ќе може да го продолжи образованието, или ќе добие понуда за работа, или да добие можност за практика, обука или тренинг, со кои што ќе се прилагоди на потребите на некое работно место кое што е на располагање, пред изборите лажно ветуваше Шеќеринска.
Младите се разочарани и од односот на оние кои треба да бидат нивни претсавници и да ги штитат нивните права, а во минативе 3 месеци ги нема никаде. Голем дел од нив коментираат дека Стефан Богоев, кој сам се претставува како другар на сите млади, дека другарот ги напуштил за да си стане градоначалник, тие се разочарани и што гласните за време на Шарената револуција Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ сега ги нема никаде и молчат за сите лоши политики на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Митовска: Сите иселеници ќе плаќаат данок кога ќе праќаат пари во Македонија
-
Владата не реализирала ниту еден проект за младите
-
Бесперспективност поради рецесијата: Младите масовно се иселуваат од Македонија