| четврток, 6 декември 2018 |

„Да читаш е кул“: Од утре во Мала станица работилници за деца со писатели, илустратори, психолози, антрополози…

Од 15 до 17 септември во организација на издавачката куќа Табернакул од Скопје во Мала станица ќе се одржи фестивалот Да читаш е кул. Фестивалот е во рамки на проектот Читатели од иднината што се реализира во партнерство со издавачката куќа Дитурија од Албанија и со агенцијата Арчипелаго онлус од Италија со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.
Во рамки на фестивалот предвидени се работилници за деца со писатели, илустратори, психолози, антрополози…
Фестивалот ќе опфати и трибина со учесници поврзани со книгата и читањето од повеќе аспекти (преведувачи, уредници, издавачи, автори за деца) од трите земји партнери во проектот.
Во придружната програма на фестивалот ќе има поетски рецитали, читачки сесии, театарска претстава и изложба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top