Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими генерал-мајор Стивен Креј, командант на Националната гарда на сојузната држава на Соединетите Американски Држави, Вермонт, кој престојува во посета на Република Македонија. На средбата беа разменети мислења за долгогодишната плодна соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт преку заедничкото учество во мировни мисии, реализацијата на заеднички вежби, обука и едукација на припадниците на двете армии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.