| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов оствари средба со генерал-мајор Стивен Креј

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, денеска го прими генерал-мајор Стивен Крејкомандант на Националната гарда на сојузната држава на Соединетите Американски Држави, Вермонт, кој престојува во посета на Република Македонија. На средбата беа разменети мислења за долгогодишната плодна соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт преку заедничкото учество во мировни мисии, реализацијата на заеднички вежби, обука и едукација на припадниците на двете армии.

Претседателот Иванов го поздрави стратешкото партнерство на Армијата на Република Македонија со Националната гарда на Вермонт изразувајќи уверување дека успешната соработка со оваа сојузна држава во делот на одбраната претставува можност за проширување на соработката и во другиобласти од заемен интерес.
Македонскиот претседател истакна дека Република Македонија ги исполнува сите услови и критериуми за членство во НАТО алијансата, а со учеството во мировните мисии де факто се однесува како членка на северноатлантската организација,  и во тој контекст изрази очекување за натамошна интензивна американска поддршка, со цел Република Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top