| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Никој не може да носи лични одлуки кои што не се засновани на донесени одлуки кои што ги усвоило Собранието

Колега Џафери, никој тука не може да носи лични одлуки, а кои што не се засновани на донесени одлуки кои што ги усвоило Собранието, изјави денеска во Собранието пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Собранието на 31 мај оваа година донесе одлука за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, во тие работни тела набројани се: Комисија за уставни прашања, Законодавно- правна комисија, Комисија за одбрана, Комисија за политички систем и односи со заедниците, Комисија за надворешна политика и ЕУ, Комисија за избори и именувања и сите овие комисии во оваа одлука која што сите ние сме ја гласале и сите треба да ја почитуваме им е доделена надлежност. Во оваа одлука која ова Собрание и сите пратеници ја донеле треба да се почитува, ако сме ние законодавниот дом кој што треба да биде пример за почитување на правото, кај Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците укажува кои се областите за кои што Комисијата за политички систем е матично надлежно работно тело и со кој предлог закони и теми треба да се занимава, истакна Милошоски.

Тој потенцираше дека во овој закон пишува: Лични имиња, лични карти, патни исправи, судство, адвокатура, јавно обвинителство, државни симболи и нивна употреба, државен систем и нивно функционирање, избирачко право, начин на избор на пратеници и претседател на државата, членови на совет и градоначалници, референдум, народен правобранител, Македонска православна црква, Исламска верска заедница и сите останати верски заедници, празници на Република Македонија, организација на управната група и право на употреба на јазиците и писмата на заедниците и со оваа одлука која ја донело Собранието на 31 мај 2017 година Комисијата за европски прашања не е матично тело, туку Комисијата за политички систем и за да може пратениците да ја разгледаат оваа одлука Милошоски побара пауза од еден час за да може пратениците да постапуваат  согласно одлуките кои што Собранието ги изгласало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top