Колега Џафери, никој тука не може да носи лични одлуки, а кои што не се засновани на донесени одлуки кои што ги усвоило Собранието, изјави денеска во Собранието пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Собранието на 31 мај оваа година донесе одлука за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, во тие работни тела набројани се: Комисија за уставни прашања, Законодавно- правна комисија, Комисија за одбрана, Комисија за политички систем и односи со заедниците, Комисија за надворешна политика и ЕУ, Комисија за избори и именувања и сите овие комисии во оваа одлука која што сите ние сме ја гласале и сите треба да ја почитуваме им е доделена надлежност. Во оваа одлука која ова Собрание и сите пратеници ја донеле треба да се почитува, ако сме ние законодавниот дом кој што треба да биде пример за почитување на правото, кај Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците укажува кои се областите за кои што Комисијата за политички систем е матично надлежно работно тело и со кој предлог закони и теми треба да се занимава, истакна Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.