Паризацијата и непотизмот во здравството не застанува со назначувањето на Борче Петковски за член на УО на Кардиологија и на Генц Таравари за член на УО на Управниот одбор на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас. Во бранот незаконски разрешувања и назначувања партиски војници на челните позиции во здравство, за член на УО на ЈЗУ Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија е назчачен и Драган Милошев, брат на државниот секретар во Минситерството за здравство Владимир Милошев.
И ова решение, како и решенијата на Петковски и Таравари, потпишано од Зоран Заев, е објавено во Службен весник, со што станува правосилно.
И назначувањето на Милошев за државен секретар во Министерството за здравство не помина без црна дамка. Телеграф објави во јули дека постои сомнеж во законитоста на именувањето на претседателот на општинската организација на СДСМ Штип Владимир Милошев за државен секретар во Министерство за здравство, зашто според Законот за административни службеници, државниот секретар во ресорното министерство го назначува министерот од редот на вработените во самото министерство.
Милошев кој по професија е специјалист по максилофацијална фирургија беше вработен во клиничката болница во Штип.
Телеграф: Дали новиот државен секретар Милошев е незаконски поставен?
До објавувањето на текстот државниот секретар не ја потврди и не ја негира оваа информација до која дојде Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст