| четврток, 6 декември 2018 |

Партиското здравство на СДСМ му обезбеди место во УО на Институтот за позитронско-емисиона томографија на братот на државниот секретар Милошев

Паризацијата и непотизмот во здравството не застанува со назначувањето на Борче Петковски за член на УО на Кардиологија и на Генц Таравари за член на УО на Управниот одбор на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас. Во бранот незаконски разрешувања и назначувања партиски војници на челните позиции во здравство, за член на УО на ЈЗУ Универзитетски институт за позитронско-емисиона томографија е назчачен и Драган Милошев, брат на државниот секретар во Минситерството за здравство Владимир Милошев.

И ова решение, како и решенијата на Петковски и Таравари, потпишано од Зоран Заев, е објавено во Службен весник, со што станува правосилно.

Непотизам и партизација: Таравари избега од Здравство, продолжена рака ќе му биде братучедот Генц Таравари во УО на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас

И назначувањето на Милошев за државен секретар во Министерството за здравство не помина без црна дамка. Телеграф објави во јули дека постои сомнеж во законитоста на именувањето на претседателот на општинската организација на СДСМ Штип Владимир Милошев за државен секретар во Министерство за здравство, зашто според Законот за административни службеници, државниот секретар во ресорното министерство го назначува министерот од редот на вработените во самото министерство.

Милошев кој по професија е специјалист по максилофацијална фирургија беше вработен во клиничката болница во Штип.

Телеграф: Дали новиот државен секретар Милошев е незаконски поставен?

До објавувањето на текстот државниот секретар не ја потврди и не ја негира оваа информација до која дојде Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top