Пратеникот Никола Попоски од ВМРО – ДПМНЕ денес до министерот Никола Димитров, за којшто во тек е интерпелација во Собранието, му посочи дека неколкуте отворени прашања кои што останале како нерешени кога Попоски бил министер за надворешни работи, Димитров и Заев оставиле да бидат во полза само на бугарската страна.
– Ние долг временски период разговаравме со Бугарија, разгледувавме алтернативи и консултиравме историчари, консултиравме претставници од СДСМ кои за некои од овие прашања имаа најрадикални позиции. Процесот беше во ракмите на 5 до 6 отворени прашања и во однос на тие прашања Македонија треба да го заштити својот интерес и Бугарија да го заштити својот интерес, а сега имаме резултат кој што е 6:0 во корист на бугарската страна, рече Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Донев за односите со Бугарија и Грција: Ако не сте рамноправни нема преговори, тоа е наметнување
-
Ачковска: Мора да се спречат Тиранскиот, Софискиот и Атинскиот договор кој се погубни за Македонија
-
Миноски: Во договорот со Бугарија не се застапени македонските национални интереси