„Слава“, вториот филм на бугарското дуо Кристина Грозева и Петар Валчанов, којшто е продаден во повеќе од 30 земји во светот од 14 септември почнува да се прикажува во киносалите ширум републикава.
„Слава“ е возбудлива реалистична драма за суровата манипулација со чесен човек и корумпираната власт.
– Режиран со духовита нишка и структурна прецизност – во филмот не постои ниту еден момент што е непотребен или не се исплати подоцна. „Слава“ користи два многу спротивни ликови (специјалист за комуникации наспроти некој кој воопшто не може да комуницира) за да отслика општество изопачено од измама и суровост. Ова е најдобро прикажано во сцената каде што тимот за односи со јавноста на Јулија не може да престане да го задева Цанко за неговото пелтечење, напиша „Холивуд рипортер“.
Филмот досега има освоено повеќе од 32 награди на светските филмски фестивали. Филмот е продукција на Abraxas во копрорукција со Graal Film, Screening Emotions, Aporia Filmworks и Red Carpet, а поддржан од Бугарскиот филмски центар и Грчкиот филмски центар.
Компанијата „КТ Филм и Медиа“ е дистрибутер за Македонија, а дистрибуцијата во земјава е помогната од страна на потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура